(Видео) Во 2022 не ни се пишува добро, не чекаат невидени маки – Што се предвидува Нострадамус – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 10:45 PM

(Видео) Во 2022 не ни се пишува добро, не чекаат невидени маки – Што се предвидува Нострадамус

Францускиот пророк нема добри предвидувања за годината што претстои. Покрај заканите од вселената, од „земните“ проблеми, Нострадамус предвидел и голема војна која и се заканува на Европа, глобално затоплување, пад на вредноста на доларот и дека сето тоа ќе доведе до голем глад.

Нострадамус, француски лекар и астролог по вистинското име Мишел де Ностредам, успеал да предвиди некои клучни моменти од човечката историја како 11 септември, подемот на Адолф Хитлер во Германија, смртта на Кенеди и големиот пожар во Лондон. Иако починал во 1566 година, на светот му оставил многу пророштва, односно 942 од нив, кои продолжуваат до 3793 година.

Пророштвото од кое многу луѓе се плашат е дека се подготвува Трета светска војна, која ќе трае 30 години.
Во последниве години, превидувањата на Нострадамус вклучуваат голема закана од вселената. И за 2022 година, францускиот астролог предвиде „оган од небо кој паѓа“. Се предвидува дека астероидот ќе удри во Земјата и ќе предизвика големи цунами кои би уништиле дел од светската популација.
Едно од предвидувањата на Нострадамус за 2022 година е војната во Европа и инвазијата на Франција. Во своите стихови, меѓу другото, напишал дека ќе има голема штета. Бидејќи повеќето од неговите предвидувања се нејасно напишани во стихови, не е познато дали тоа е избувнувањето на Третата светска војна, или можеби нешто друго.

Друго мачење што го чека светот следната година според Нострадамус е растот на цените и пропадната економија. Тој предвидува дека инфлацијата ќе излезе од контрола, а вредноста на американскиот долар целосно ќе падне. Оние кои ги толкуваат овие предвидувања велат дека луѓето ќе инвестираат се повеќе и повеќе во злато, сребро и биткоин.

– Медот ќе чини повеќе од восокот од свеќа – е еден од стиховите од неговото предвидување во кое наведува дека цената на пченицата значително ќе се зголеми.
Глобалното затоплување и свесноста за тоа е една од жешките теми во последните неколку години. Да потсетиме, во текот на оваа година бевме сведоци на многу природни катастрофи како поплави и пожари, па толкувачите велат дека ваквото предвидување не е изненадување.

Извор: novosti.rs