Пејачката Неда Украден откри дека нејзиното прво пејачко искуство било прилично турбулентно затоа што имала проблем со превозот, па поради доцнењето морала да стопира на патот.
– Имам многу обожаватели во Вировитица и тука го имав првиот професионален концерт. Имаше една матурска прослава и ме повикаа да пеам. Јас тогаш живеев во Сараево и тргнав со воз. Требаше да се префрлам во Загреб во автобус, но возот по обичај доцнеше и автобусот замина. Јас тогаш решив да стопирам и дојдов со камион. Тоа е моето прво пејачко искуство – раскажа Неда за порталот Гранд онлајн.
Во интервјуто вели дека би сакала што побрзо да ја заборави оваа година.
– Сакам семејството да ми биде здраво и среќно. Да бидеме заедно во некое подобро опкружување и расположение, секаде да заврши пандемијата и ограничувањата, повеќе да патуваме и да се дружиме и едноставно да му се радуваме на животот како што сме навикнати – додаде Украден.
Извор: Nova.rs
Фото: Vesna Lalic/Nova.rs