Барселона долгува милијарда евра, а го купи најскапиот Шпанец во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 7:06 PM

Барселона долгува милијарда евра, а го купи најскапиот Шпанец во историјата

Довчерашниот фудбалер на Манчестер Сити, Феран Торес потпиша договор со Барселона. Тој дојде во Каталонија за 55 милиони евра плус десет милиони евра низ бонуси, а стана најскапиот шпански фудбалер кој Барселона го довела на „Камп Ноу“.

Зад себе ги остави Давид Вилја (40 милиони евра), Сеск Фабрегас (34 плус 6 милиони), Пако Алкасер (30 милиони), Џерар Лопез (21,6 милиони).

Дваесет и едногодишниот играч помина само 16 месеци на „Етихад“, постогна 16 голови на 43 натпревари за Сити и заминува со трофеј на Премиерлигата и Лига купот зад себе.

Имаше повреда на метатарзалната коска, па тоа го забави, но не ја спречи Барселона да го одврзе кесето за него.

Овој трансфер немаше да биде чуден ако Барселона не долгуваше една милијарда евра и не беше погодена од последиците на пандемијата со ковид.

Извор: Nova.rs

Фото: fcbarcelonanoticias.com/