Спречен обид за криумчарење на лекови од земјава кон Косово – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 6:08 PM

Спречен обид за криумчарење на лекови од земјава кон Косово

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот Центар Север завчера во 19:50 часот спречиле обид за криумчарење на поголема количина разновидни лекови од Република Северна Македонија кон Косово, соопшти попладнево Министерството за натрешни работи.

– Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници. При преглед на теренот биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.