Една слика илјада зборови. Сликите што во текот на вчерашниот ден беа објавени од страна на ГЗ Здрава Котлина а се однесуваат на езерото Мантово и загадувањето предизвикано од рудникот Боров Дол, ја згрози јавноста.
фото-ФБ Здрава Котлина
Ова се слики од езерото Мантово. Ова е сведоштво за реалноста и тоа ги разобличува измамниците кога тврдат дека земјоделие или туризам одат заедно со рударство!,
Ова е ефект од прашината на рудникот Боров Дол што лета насекаде и дел оди во езерото Мантово каде во допир со вода се добива оваа специфична боја на хемикалија што го труе езерото и живиот свет во него! пишува в објавата на Здрава котлина.
Од општина Конче на чија што територија се наоѓа најголем дел од рудникот Боров дол, денес излегоа на терен.
Градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов потврди дека сликите најверојатно се направени тука, но дека денес состојбата е поинаква, што може да се потврди и од сликите кои што денес се направени.
„ На терен излеговме заедно со стручен тим од рудникот Боров Дол, земени се примероци од водата, живиот свет и почвата. На терен излезе и испектор од Инспекторатот за животна средина,“вели Ристов.
Додека не се добијат резултатите од земените примероци не може да се калкулира со податоци, додава Златев.
Соопштение најавија и од рудникот Боров Дол.