Бесими и поранешните министри за финансии ќе формираат експертско тело – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 12:25 PM

Бесими и поранешните министри за финансии ќе формираат експертско тело

Поранешните министри за финансии со министерот за финансии Фатмир Бесими заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет, како експертско тело што ќе биде дел од СЕФФ Форумот каде ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за кои е потребен консензус.
На средбата присуствуваа Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Трајко Славески и Кирил Миноски, додека останатите, кои ја вршеле порано оваа функција, од објективни причини не присуствуваа, но ќе бидат дел од Советот, информираат од Министерството за финансии.
Советот на поранешни министри за финансии ќе биде тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ и ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој. Улогата на Советот е да даде солидна основа на Форумот во градењето кредибилни економски политики преку транспарентен процес.
На средбата на министерот Бесими со неговите поранешни колеги се разменија мислења за  актуелни прашања, како и предизвици од пандемијата со Ковид -9, енергетската криза, притисокот на цените на светската берза, но и за потребата за раст на економијата.