Донесете го трофејот или враќајте ги парите – Лидерот на Гвинеја ги исплаши фудбалерите пред Купот на африкански нации – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 10:21 AM

Донесете го трофејот или враќајте ги парите – Лидерот на Гвинеја ги исплаши фудбалерите пред Купот на африкански нации

Гвинеја се пласираше на Купот на африкански нации кој се игра од 9 јануари до 6 февруарти во Камерун, но фудбалерите ќе настапуваат во страв од казна поради заканите кои им ги упати новиот лидер на земјата, полковникот Мамади Думбуја.

Тој неодамна изврши државен удар во земјата токму за време на еден од натпреварите на фудбалската репрезентација и сега ја држи целокупната власт. Некогашниот лидер на единицата за специјални операции ги поздрави играчите, им го даде знамето и им испрати јасна порака.

– Донесете го трофејот или вратете ги сите пари вложени во вас – им порача Думбуја на играчите на Гвинеја меѓу кои се и ѕвездите на Ливерпул, Наби Кеита и Амаду Дијавара од Рома.

Извор: Mondo.rs

Фото: Mondo