Полиција на црногорскиот град Бар евакуира дел од улицата Маршал Тито во Бар поради закана од едно лице да активира експлозив, јави „Вијести“.
Од Полициската управа за „Вијести“ рекле дека тоа лице во филијалата на банка претходно го залепило натписот „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“. Од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа за „Вијести“ потврдија дека биле информирани дека едно лице се заканувало дека ќе активира експлозивна направа.
Човекот кој се претстави како Един Бегзиќ, претходно на медиумите им достави видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на Собранието, да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, барајќи штета од повеќе милиони долари.
Човекот во видеото покажува импровизирани направи, за кои тврди дека се експлозивни.
„Ќе ја држам банката под контрола додека не им ги исплати на работниците парите што ги украла, со камата за целото време што чекаат. Имам солзавец и маска, оклоп, пиштол, молотови коктели и две рачно изработени експлозивни направи, вели тој во видеото и демонстрира како функционира направата.
Специјалното обвинителство спроведува истрага против организирана криминална група во случајот „Приморка“, осомничена дека го оштетила државниот буџет за четири милиони евра.
Човекот, кој тврди дека ќе ја крене банката во воздух додава:
„Ова банка ги украде парите на чесните граѓани, на работниците на „Приморка“ уште во 2010 година, и им се обрати на политичарите –
„Да си ја работевте работата, ние немаше да дојдеме во оваа позиција, порачува Бегзиќ.
извор: медиуми