Облечете црвена долна облека за Нова година, црвената боја носи среќа во љубовта – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/22 8:00 PM

Облечете црвена долна облека за Нова година, црвената боја носи среќа во љубовта

Новата година е пред врата. Сите се подготвуваат за најлудата ноќ, но во овој период не може да изостане примената на разни обичаи. Покрај огнометот, танцувањето и забавата кои се дел од новогодишните веселби, „задолжителна“ е и долна облека во одредена боја, дури и ако сте се одлучиле за домашна верзија на прославата во удобна и не така гламурозна облека.

Традицијата на носење црвена долна облека датира од средниот век, кога не било дозволено носење црвена облека. Во тоа време, црвената боја се поврзувала со крв, ѓавол и вештерство. Но, без разлика на суеверијата, луѓето копнееле да носат црвена облека во текот на зимата, бидејќи таа била и симбол на животот и сончевата енергија.

Црвената означува сила и страст, а знаеме дека многу култури веруваат во важноста на овие бои. Влегувањето во новата година означува нов период, но честопати одлучуваме да ги оставиме лошите работи на тој ден и да започнеме нови почетоци. Суеверието вели дека црвената боја може да ни помогне во тоа. Така, се вели дека почетокот на новата година во црвено, ќе ја зголеми среќата во љубовта.

Денес сме слободни да носиме црвена долна облека. Скриено, често како и нашите желби, веруваме дека ќе донесе среќа во љубовта, а секоја жена во неа ќе се чувствува убаво и загадочно.

извор и фото: Kurir.rs