„Севе, соблечи се и подари ги тие 6.000 евра“, на хуманитарен концерт за болни деца Северина пееше во џинс од 1.450 евра – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 6:30 PM

„Севе, соблечи се и подари ги тие 6.000 евра“, на хуманитарен концерт за болни деца Северина пееше во џинс од 1.450 евра

„Севе, соблечи се и подари ја таа облека од 6.000 eвра за хуманитарни цели“. Вакви и слични коментари се појавиле на социјалните мрежи во Хрватска, откако Северина Вучковиќ се појави во гардероба вредна речиси 6.000 евра на хуманитарен концерт за болни деца на една хрватска фондација. Како што е познато, таа е голем љубител на брендирана облека и е една од најдобро облечените јавни личности во регионот.

За настапот на концертот потрошила речиси току пари за облека, колку што се собрале таа вечер преку оваа акција. Вучковиќ во оваа прилика носела модели на италијанскиот бренд „Долче и Габана“.

Така, за своето прво појавување на сцената, каде испеа некои од своите стари хитови, потрошила неверојатни 1.450 евра само за металик фармерки, кои ги искомбинирала со широка црна маичка со принт која чини д 545 евра. Овој прескап аутфит го комплетирала со ремен од 595 евра, а целата комбинација ја зачинила со проѕирни ПВЦ чизми со логото на овој бренд, кои чинат 995 евра.
За вториот дел од настапот Северина избра малку „поевтин“ аутфит, каде повторно се одлучи за парчиња од ова модно дуо, кое очигледно и е омилено во последно време. Овој пат се одлучи за црвени металик тесни панталони од 895 евра, бела маичка од „само“ 395 евра и сандали во иста боја од 1.000 евра. Чантата била со интересна порака- дека е вакцинирана и подготвена за луда забава.
Најзиниот скап стајлинг беше трн во око на поединци.

Кодексот на облекување предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, каде некои и сугерираа дека требало повеќе да размисли за причината и целта на својот настап. Иако не спорат дека таа самата придонела за оваа хуманитарна акција со своето доаѓање и мини настап, сметаат дека ќе беше подобро 5.875 евра што ги потрошила за овие скапи комбинации на облека да ги дала како придонес во овој фонд.

извор и фото: Kurir.rs