Рекордно висока загаденост во Скопје и Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 4:12 PM

Рекордно висока загаденост во Скопје и Струмица

На мерните места во Скопје во Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и во Струмица во изминатите два дена надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10), информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Тоа значи дека во два последователни дена е надмината вредноста од 150 микрограми на кубен метар на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10) во амбиенталниот воздух.
Среднодневните концентрации на ПМ10 честичките во амбинеталниот воздух на 25 декември во Центар изнесувале 181,48, во Гази Баба 167,48, во Лисиче 221,27, кај Ректорат 186,38 и во Струмица 261,81 микрограми на кубен метар. На 26 декември среднодневните концентрации во Центар биле 187,25, во Гази Баба 210,89, во Лисиче 267,66, кај Ректорат 204,04 и во Струмица 305,11 микрограми ПМ10 честички на кубен метар.