Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/18 1:12 PM

Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата

Прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно до завршување на процесот на дијалог и дебата – соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој ги повика на дебата претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост. Дебатата ќе се одржи в понеделник (3 септември) во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.

„Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот. Од тие причини Град Скопје одлучи во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Градот да организира дијалог и дебата“, додаде Шилегов.