СВР Штип: Деветмина возачи возеле под дејство на алхохол, останале без возачки дозволи а ќе плаќаат и казни – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 3:25 PM

СВР Штип: Деветмина возачи возеле под дејство на алхохол, останале без возачки дозволи а ќе плаќаат и казни

За период од шест час, штипската Полиција исклучила од собраќај деветмина возачи. Возеле под дејство на алхохол. Им биле одземени возачките дозволи, а ќе заработат и парични казни. Во текот на полициската акција се санкционирале и возачи кои возеле над дозволената брзина.

„На 26.12.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 13 надвор од населено место и 4 во населено место.

Истиот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 9 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози,“ информираат од СВР Штип.

Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило и 1 за некористење сигурносен појас.