„Човекот лежи мртов среде кафеана, а јас и Џеј пееме“ – Пејачката Маја Николиќ со детали за настап во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 2:59 PM

„Човекот лежи мртов среде кафеана, а јас и Џеј пееме“ – Пејачката Маја Николиќ со детали за настап во Германија

Пејачката Маја Николиќ во емисијата „Сценирање“ на Курир телевизија искрено зборуваше за својот живот и настапите со колегите од естрадата откривајќи шокатни детали за еден настап во Германија.

Таа се присетила кога пред десет години настапувала со Џеј Рамадановски и неговиот кум Зоран Јагодиќ пееле додека пред нив лежел мртов маж.

– Со Џеј и Руле гостував во Германија, каде што човек падна мртов пред нас. Тој беше во лоша состојба, дали од дрога или од алкохол, не знам, но падна мртов. Никој не реагираше затоа што сите беа пијани или полу луди. Обезбедувањето го изнесе телото, а ние пеевме затоа што сопственикот не обрна внимание на тоа, не сакаше да ја прекине забавата и гостите да претрпат – раскажа Маја за Курир.

Извор: Mondo.rs