Илина и Ева Соколовски освоија две медали – Македонските сонца светнаа во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 12:50 PM

Илина и Ева Соколовски освоија две медали – Македонските сонца светнаа во Германија

Илина победи, а Ева го освои третото место. Ваков е резултатот од натпераврот по ритмичка гимнастика на сестрите Соколовски, кој се одржа викендот во Германија.

Илина и Ева, кои потекнуваат од Македонија,  продолжуваат со успесите, продолжуваат да носат злато за Германија со македонски пасош и нивниот талент и успех секој ден е се поголем и поголем.

На последниот натпревар што го имаа Илина и Ева се одржа во градот Гутерслох,  Илина ги бранеше бооте во Бундеслигата.  Натпреварот се вика OWL-CUP, каде Илина и Ева настапија поединечно.  Илина им одржа лекција на останатите натпреварувачки, кои се повозрасни од неа и тоа со голема предност од 4,50 поени го освои првото место.

Ева го освои третото место и се закити со бронза по пауза поради корона од 20месеци. Кај Ева се натгпреваруваа 19 натпреварувачки додека кај Илина 10, бидејќи поради прописите многу натпреварувачки не настапија,  не ги исполнуват условите за натпревар, односно не се вакцинирани.

Во Германија правилото за натпревар е дека мора да се сите вакцинирани и плус дополнително корона тест не постар од 24 часа.
Поради падемијата многу натпревари се откажани, токму поради се поголемиот  ризик од зараза. Следниот натпревар е заказан во фебруар, но токму поради ова точните услви се уште не се знаат.

Но, едно се знае и од овој следниов, како и од сите до сега сестичките Соколовски без медал нема да бидат.