Младите се’ помалку се интересираат за професијата рудар – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/18 1:22 PM

Младите се’ помалку се интересираат за професијата рудар

Рударите како бесценет човечки ресурс опфаќаат 81,3 отсто од стопанскиот сектор. Макотрпната професија е секојдневие на голем дел граѓани од Источна Македонија. По 11 ти пат Министерството за економија им подели плакети на најдобрите рудари.

„Во рудникот секој има своја работна задача, јас сум возач на руда, секоја работа си има своја тежина“ се зборовите на Душко Тодоровски, кој живее во селото Моштица, Македонска Каменица и е вработен во рудникот „Саса“. Тој и уште 11 рудари денеска добија плакети за најдобар рудар по повод Денот на рударите.

„Безбедноста е на прво место, плата редовно земаме, нема никаков застој, секој е одговорен за своето работно место и својата единица. Македонска Каменица е градче кое живее од рударството, односно од рудникот „Саса“ ако тој не работи, Македонска Каменица ќе биде во мирување, нема да можеме да опстанеме од ништо. Од земјоделие не можеме да преживееме, рударството е единствена перспектива за Македонска Каменица“, вели Тодоровски.

Како човек кој 28 години егзистира од професијата рудар, вели дека за оваа професија се’ помала е заинтересираноста на помладите генерации..

„Има заинтересирани, но многу малку се. Кој сака да работи може да работи, кој не чека егзистенција од друго место“, раскажа Тодоровски.

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов се’ уште е на истиот став што се однесува на донесување измени во Законот за минерални суровини.

„Мене ми е многу мило што тој Закон не е поддржан од Министерството за економија, и очекувам а и не би било логично ако по брза постапка се донесе тој закон за кој што имс и одредени најави“, изјаи Николов.

Рударството и вадењето на камен, учествува со 81,3 отсто во вкупното индустриско производство во Македонија, а вкупно 10.000 рудари го се движечката сила во стопанскиот сектор.