Џудо клубот Сеишин од Прилеп викендов организираше Предновогодишен Турнир во Џудо за најмладите категории џудисти.
Настанот беше збогатен и со присуство и презентација на џудо техники од страна на десетина ветерани кои активно тренираат и партиципираат во клубот со цел да ги стимулираат младите џудисти.
Најуспешен натпреварувач на ниво на клуб севкупна конкуренција за 2021 година е Теодора Димеска.
На листата на најуспешни за 2021 година се најдоа:
Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионери-2021 (Немања Џагадуроски) и (Благојче Мантароски)
Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионерки-2021 (Тамара Илиоска)
Најуспешен натпреварувач- категорија пионери-2021( Борис Џагадуроски)
Најуспешен натпреварувач- категорија пионерки-2021(Елеонора Илиоска)
Најуспешен натпреварувач- категорија кадети-2021(Никола Магдески)
Најуспешен натпреварувач – категорија кадетки-2021(Мартина Јанкоска)
Најуспешен натпреварувач-категорија јуниори-2021(Антонио Талески)
Најуспешен натпреварувач-категорија јуниорки-2021(Теодора Димеска)
Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениори-2021(Јован Најдоски)
Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениорки-2021(Марија Талеска)
Најуспешен натпреварувач-категорија сениори-2021 (Марко Тодорчески)
Најуспешен натпреварувач-категорија сениорки-2021 (Александра Најдоска)
Покрај натпреварувачите клубот СЕИШИН награди и дел од своите млади стручни (кандидати мајстори) кадри кои работат во тренажниот процес за посебен придонес и успех во тренажниот процес во 2021 г. со млади категории џудисти за: Марио Тошески, Марио Цинцароски и Бојан Синадиноски.
На овој настан клубот организатор беше почестен со присуството на Градоначалникот на општина Прилеп Г-ин Борче Јовчески кој во еден изминат период беше и официјален лекар на Натпреварите кои ги организираше клубот.