Дали треба на децата да им ја кажеме вистината за Дедо Мраз? – Многу студии откриваат што е најдобро – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 10:21 AM

Дали треба на децата да им ја кажеме вистината за Дедо Мраз? – Многу студии откриваат што е најдобро

Многу родители се во дилема дали е добро да им се зборува на децата дека Дедо Мраз постои. Додека некои мислат дека тоа е обична традиција која им дава магија на празниците, други инсистираат дека е погрешно да се лажат децата и дека тие ќе бидат трауматизирани кога ќе ја дознаат вистината.

Прва студија која го испитувала овој проблем била објавена во 1984 година во списанието „Современа психологија“. Резултатите од студијата со деца од градинка и првооделенци покажале дека размислувањето за великодушниот карактер на Дедо Мраз може да ги натера децата да се однесуваат така.

Студијата сугерира дека родителите кои ќе одлучат да им раскажуваат на своите деца за Дедо Мраз треба да се фокусираат на љубезната и великодушна приказна на ликот на Дедо Мраз.

Една студија од 1994 година во списанието „Детска психологија и човечки развој“ е занимавала со реакциите кога децата ја дознавале “вистината“ за Дедо Мраз.

Децата во студијата ја дознале вистината кога имале седум години. Психолозите откриле дека децата имале позитивни реакции на сознанието за Дедо Мраз со мало чувство на вознемиреност, а родителите биле тие што биле повеќе тажни кога на своите деца им ја соопштиле вистината.

Речиси сите деца кои ја дознале вистината, рекле дека на своите деца ќе им раскажуваат дека Дедо Мраз постои.

 

Извор: Nova.rs

 

Фото: cnbc.com