По која логика да седиш кога не ти беше дадено да бидеш генерален директор, забележаа членовите на ПЦЕР. Јас зависам од тоа членство и мора да бидат солидарен со моето членство. Денеска поднесувам оставка од позицијата заменик- директор во Македонија Пат, рече Самка Ибраимоски во гостувањето во Утрински брифинг.
Ибраимоски го изнесе незадоволството од третманот на ромските претставници од страна на владејачките партии и најави дека во 11 часот заседава Управниот одбор на Македонија Пат, каде ќе ја даде својата оставка.
-Јас сум модел и за бизнисот и за политиката, рече Ибраимоски
Партијата ПЦЕР е дел од владејачката коалиција предводена од СДСМ и како што потврди Ибраимовски, останува таму.
-Продолжуваме со коалицијата, со тоа што го чекаме новиот мандатар, соопшти Самка Ибраимоски.
Објавено на: 12/27/21 9:18 AM