Еден гриз јаболко, голтка млеко, неколку грама месо- Tолку дневно јаделе лани во Македонија, домаќинствата трошеле по 200 евра месечно – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/21 10:00 AM

Еден гриз јаболко, голтка млеко, неколку грама месо- Tолку дневно јаделе лани во Македонија, домаќинствата трошеле по 200 евра месечно

Едно четиричлено домаќинство во земјава лани за храна потрошило 2.400 евра или по 200 евра месечно за основната прехрамбена кошничка- пресмета Државниот завод за статистика. Но ако количините храна опредлени од статистика се поделат на четири члена излегува дека дневно на секој член му следувало по една голтка млеко, еден гриз јаболка, некој грам месо, еден гриз чоколадо. Така според податоците на стаистика во Статистичкиот годишник едно домаќинство во просек годишно набавувало  268,3 килограми леб, или еден член годишно јадел 67 килограми леб, односно му скледувале по 5,5 килограми леб месечно.

Статистички домаќинствата јаделе по 26,8 килограми свинско месо, што ако се подели на четворица, значи дека еден член годишно јадел по 6,5 килограми месо. Но ако таа количина се подели на 12 месеци излегува дека на еден член месечно му следувале по 0,545 грама месо или три дена од 30 „смеел“ да јаде по 180 грама свинско месо. Количините се поголеми кај месото од живиина- годишно едноп семејство статистички трошело по 51,4 килограми месо офд живина или 12,85 килограми по член. Ако се подели на 12 месеци излегува дека секој член имал право на по 1,070 грама месо од жуивина , или шест пати месечно по 178 грама. Годишно се трошеле по 47,9 килограми преработки од месо, или по член 997 грама месечно.

Речиси иста е состојбата и со другите артикли од прехрамбената кошнича. Па така едно домаќинство статистички лани испило 116,3 килограми пресно млеко, или секој член имал право на 29 килограми млеко одуишно. Но ако се подели количината излегува дека секој од нас месечно трошел 2,4 килограми млеко, што пак за триесет дена би значело дека само десет дена во месецот можел да пие по 240 грама млеко или дневно по 8 грама. Додека пак од кисело млеко и јогурт, месечно на секој член му следувало по  речиси 1,8 килограми.

Статистика измери и дека едно домаќинство годишно трошело  по 28,9 килограми кекси и чоколади или 7,2 килограми по член. На секој од чеѕтворицата му следувало по 602 грама кекси и чоколади месечн, односно дневно имале на располагање по 20 грама што е колку еден гриз чоколадо.

Иста е состојбата и кај овошјето и зеленчукот . Статистика измери дека 40,2 килограми јаболка годишно биле доволна количина за едно четиричлено домнаќинство, или по 10,5 килограми по член годишно, што пак покажува дека секој можел да јаде по 837 грама јаболки месечно. СДтатистички годишните пшотреби на домаќинствата за грозје биле само 6,6 килограми, , ана бостан 35,6 килограми. Слична е состојбата и со зеленчукот, па така годишните потреби за компир билр најголеми- едно домаќинство трошело 97,7 килограми, потоа 58,2 илограми пипер, 50,2 килограми домаи и само 29,2 килограми краставици- количини кои ако се поделат на дневна основа по член излегува дека секој еден имал право да јаде по неколку грама овошје и зеленчук дневно.

Според статистиката едно домаќинство лани во просек трошело по 5,9 килограми вино, 41,7 килограми пиво и само 2,5 килограми жестоки пијалоци.

(А.С.)

Фото: freepik.com