Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем, вели Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/21 8:18 AM

Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем, вели Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД

Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД.

Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, тој ги наведе британските истражувања, според кои варијантата Омикрон се карактеризира со „помалку хоспитализации, пократок престој во болница и помала потреба од терапија со кислород“.

– Но, не треба да бидеме поспокојни … Ако многу, многу повеќе луѓе се разболат, тоа би можело да ги поништи позитивните ефекти од намалувањето на тежината на болеста, рече Фаучи.

Варијантата Омикрон е доминантна во САД и веќе доведе до остар скок на бројот на заболени. Според Фаучи, просечниот број на случаи минатата недела достигна 150.000 на ден и „веројатно ќе се зголеми многу повеќе по празниците“.