Трансродовите лица во Швајцарија од први јануари легално ќе можат да го променат полот само со посета на матичната служба, со што земјата во прв план го става европското движење за полова самоидентификација.
Со новите прописи Швајцарија им се придружува на Ирска, Белгија, Португалија и Норвешка, малкуте европски земји кои дозволуваат легална промена на полот без хормонска терапија, медицинска дијагноза и додатни евалуации или бирократски препреки.
Според новите прописи, сите граѓани постари од 16 години кои не се под законско старателство, ќе може да го променат својот пол и име со пријава во матична служба. На помладите и оние под заштита на возрасен ќе им биде потребна согласност од старателот.
Меѓудругото новиот закон е и промена на досегашната пракса со која се бараше сертификат од медицински стручњак кој го потврдува трансродовиот идентитет на поединецот.
извор:нова