По САД и Израел го одобри антиковид лекот на Фајзер – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/21 8:22 PM

По САД и Израел го одобри антиковид лекот на Фајзер

Фајзеровиот антиковид лек Паксловид денеска од израелските здравствени власти доби одобрение за итна употреба.

Израел нарача околу сто илјади дози од овој лек, со цел да се бори против бранот предизвикан од новиот сој омикрон.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет минатиот месец изјави дека постигнал договор со Фајзер, со кој Израел освен лекот, откако американската ФДА ќе одобри, ќе добие и милион антиковид вакцини.

Лекот инаку доби одобрение од ФДА минатата недела, а утврдено е дека ги смалува хоспитализациите за 90 отсто доколку се користи во првите неколку дена од појавата на симптоми.

Се очекува лекот да стигне во Израел најрано во четврток.