Талибанската верска полиција во Авганистан им наложи на сите таксисти да не пуштаат музика во автомобилите, но и да не возат жени кои се без хиџаб и машка придружба доколку патувањето трае повеќе од 72 километри.
Упатството не наоѓа на советодавниот памфлет кои го дистрибуирале талибанците. Портпаролот на Министерството за унапредување на доблестите и превенција на пороците, Мухамед Садик Акиф, ја потврди автентичноста и упатствата за ДПА.
Министерството бара од возачите да не превезуваат жени до места оддалечени повеќе од 72 километри, доколку со нив нема маж.
Дополнително од нив се бара да земат пауза за молитва, а ги советуваат и да пуштат брада.
Универзитетскиот професор Харун Рахими ја критикуваше талибанската регулатива, порачувајќи дека таксистите ќе бидат во позиција да ги наѕираат женските тела и нивното мрдање, што би можело да биде прилика за вознемирување и ќе ги направи јавните простори несигурни за жените.
„Муслиманките се научнички, на важни позиции во разни индустрии и се политички лидерки ширум светот. Авганистанките треба да го следат нивниот пат.“ – напиша Рахми на Твитер.
Тој и други службеници на Американскиот универзитет во Авганистан се евакуирани од земјата порано годинава.
Откако талибаниците ја презедоа контролата над Авганистан, талибанците значително ги намалија женските права. Голем дел од жените не можеа да се вратат на своите работни места, а најголем дел од женските средни училишта се затворени.