Кандидат за советник на листата на СДСМ добил општински пари за својата невладина организација – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/18 12:00 PM

Кандидат за советник на листата на СДСМ добил општински пари за својата невладина организација

 

Неколку невладини организации кои изминатиов работеле за СДСМ добиле финансиски средства  од повикот кој Општина Штип го објави за локални здруженија на граѓани. За ова денеска на прес концеренција реагираа од ВМРО-ДПМНЕ Штип, од каде сметаат дека случувањата  со доделување на финансиски средства од Фондот за иновации, сега се пресликуваат на локално ниво во невладиниот сектор.

Меѓу организациите кои добиле пари од општинскиот буџет е и „Македонски Егеј“ на чие чело стои  Јордан Тунев. Тој на последните локални избори беше дел од советничката листа на СДСМ , што резултираше со протест на членовите на Здружението, кои тврдеа дека се против неговата кандидатура  за советник.

Штипските опозиционери денеска на прес конференција прашаа дали е во ред, општинскиот совет да нема увид во начинот на трошење на средствата од повикот за граѓанските здруженија?

„Дали при доделување на средства на две организации, нема судир на интереси на едно лице, кое во едната организација е претседател, а во другата организација, заедно со целата фамилија е во основачко собрание? Зарем овие случаи не претставуваат отплата на долговите кои СДС ги има кон овие луѓе, затоа што верно одработувале за оваа партија“, праша Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето околу доделувањето средства од повикот за здруженијата денеска се најде на дневен ред на седница на Советот на општина Штип. Советниците од СДСМ одговорија дека доколку ВМРО-ДПМНЕ  биле присутни на седниците на комсиите ќе ги знаеле критериумите за доделување средства и најавија дека постојат можности овие критериуми во иднина да претрпат промени.