Најголемата британска комерцијална медиумска организација „ИТВ Њуз“, погрешно објави дека Папата Франциск починал, за време на телевизиската програма во живо за Божиќ.
Водителката Кајли Пентелоу случајно рече дека папата умрел додека зборуваше за неговото годишно, божиќно обраќање.
Новинарката известуваше за повикот на папата луѓето да се вакцинираат, па кога ја направи грешката рече: „Рече дека вакцините треба да бидат достапни на оние на кои им се најпотребни“, па по грешка додаде: „Неговата смрт е објавена…ах извинете“.
извор:аalo.rs