Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциск рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини”.
Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со кој се слави споменот на семејството на Исус. Во писмото, папата Франциско наведува дека блокадите, ограничувањата и карантинот ги принудуваат семејствата да поминуваат повеќе време заедно и истакна дека таквата наметната заедница го тестира трпението на родителите, браќата и сестрите, а во некои случаи доведува до тешкотии.
„Постоечките проблеми се влошија, создавајќи конфликти кои во некои случаи беа речиси неподносливи. Многумина ги загубија своите врски”, напиша папата, нудејќи блискост со тие семејства, потсетувајќи ги родителите дека распадот на бракот е особено тежок за децата кои ги гледаат своите родители како постојан извор на стабилност, љубов, доверба и сила.
МИА