Прилепчанец фатен како пренесува мигранти од Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/21 1:07 PM

Прилепчанец фатен како пренесува мигранти од Сирија

Вчера  во 23:00 часот од полициски службеници на регионалниот пат Градско-Неготино кај село Црвени Брегови од слобода бил лишен А.Ј.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти. македон

Како што соопшти МВР, приведениот во патничко возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки превезувал пет мигранти од Сирија.

По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.