Битолчанец синоќа возел со 4,28 промили алкохол во крвта – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/21 12:18 PM

Битолчанец синоќа возел со 4,28 промили алкохол во крвта

МВР информира дека во текот на вчерашната вечер, за само шест часа, од 20.00 до 02.00, санкционирани се 27 возачи кои управувале под дејство на алкохол во Битола.

На фотографијата која министерството ја објави на официјалниот фејсбук профил, заедно со веста за санкционираните возачи кои возеле под дејство, се гледа детектор за алкохол кој покажува 4,28 промили алкохол во крвта.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.