„Ти си пример како се живее без саканата личност“ – Пејачката Јосипа Лисац воодушеви со божикната фотографија – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 7:59 PM

„Ти си пример како се живее без саканата личност“ – Пејачката Јосипа Лисац воодушеви со божикната фотографија

Католиците деновиве го слават Божик, па по тој повод легендата Јосипа Лисац на својот Инстаграм профил им го честиташе празникот на сите. Таа сподели стара фотографија на која покрај елката позира со покојниот Карло Метикош, нејзината голема љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)


“Среќен Божиќ на сите драги луѓе! Поминете ги овие празници во мир и љубов со вашите најблиски!” напиша Јосипа.
Нејзините следбеници беа воодушевени од пораката и сликата, која ги трогна, па и возвратија:

„Драга Јосипа, храбра жено, среќни празници. Ти си пример како се живее без саканата личност“, напиша коментаторот.

Фото: Инстаграм