Британската кралица Елизабета му оддаде почит на нејзиниот покоен сопруг принцот Филип за време на нејзиниот прв божиќен телевизиски пренос по смртта на нејзиниот животен партнер.
На почетокот, кралицата истакна дека иако Божиќ е време на голема среќа и добро расположение за многумина, тоа може да биде тешко за оние кои ги изгубиле своите најблиски.
„Оваа година, особено, разбирам зошто“, рече таа.
“And for me and my family, even with one familiar laugh missing this year, there will be joy in Christmas, as we have the chance to reminisce…”
In her 2021 broadcast, The Queen reflects on the life of the Duke of Edinburgh, while looking ahead to her Platinum Jubilee in 2022. pic.twitter.com/IMf3aW4IxI
— The Royal Family (@RoyalFamily) December 25, 2021
Видео пораката емитувана во саботата започна со извадок од говорот на кралицата во 1997 година за Златната годишнина од нејзиниот брак со војводата од Единбург. На масата пред кралицата беше поставена фотографија од парот кој ја одбележува годишнината од бракот.
За дополнително да му оддаде почит на својот сопруг, кралицата носеше брош од сафир хризантема со кој беше фотографирана за време на нејзиниот меден месец во 1947 година.