Вчера приведени три лица барани по потерница – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 4:06 PM

Вчера приведени три лица барани по потерница

Вчера во 08.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека вчера околу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.

Исто така вчера околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување.