Греана ракија, вино и снег – Радост за битолчани – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 3:17 PM

Греана ракија, вино и снег – Радост за битолчани

Скијачите и љубителите на планината денеска го искористија убавото сончево време за да го посетат Ски-центарот „Копанки“ на Пелистер во голем број.

Денеска во употреба беше пуштена и и платформата која се наоѓа на сончевиот дел од патеката на локацијата „Бегова Чешма“ каде на посетителите и скијачите им се нуди простор за одмор, храна и пијалоци.

Инаку скијачјата сезона во ски центарот „Копанки“ започна уште пред две недели со обилните врнежи од снег на радост на скијачите.

Последните неколку години првиот снег за скијање паѓаше на крајот на јануари или февруари.

Фото и текст: Маја Богоевска

DCIM100MEDIADJI_0217.JPG