(Видео) Ги стопи срцата на сите – Кејт Мидлтон направи концерт за паметење на Бадник – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 2:05 PM

(Видео) Ги стопи срцата на сите – Кејт Мидлтон направи концерт за паметење на Бадник

Кејт Мидлтон прв пат јавно настапи на пијано, јавуваат англиските медиуми.

Војвотката од Кембриџ го придружуваше пејачот Том Вокер на пијано како дел од изненадувачкиот концерт Together At Christmas, кој се емитуваше во Обединетото Кралство на Бадник.

„Без сомнение, тоа беше уникатно искуство во животот“, рече Вокер за нивниот дует.
„Не е лесно да седите на клавир со еден куп музичари со кои никогаш не сте свиреле или снимиле, во живо пред камера. Но, таа целосно успеа“, рече Вокер, додавајќи дека Кејт Мидлтон е „слатка, љубезна и срдечна личност“.

„По настапот, таа одвои време лично да им се заблагодари на сите за можноста да свират заедно. Беше луд ден за мене, да бидам на толку убаво место, да свирам со војвотката и мојот бенд, гудачкиот квартет. Ден кој сигурно нема да го заборавам“, изјави Вокер за англиските медиуми по настапот.

Идејата за настапот наводно потекнува од самата војвотка од Кембриџ.

Таа како многу млада почнала да оди на часови по пијано. Војвотката и Вокер свиреа во Вестминстерската опатија пред 1.200 гости, внимателно избрани за овој празничен настан, а поканата за концертот добиле оние кои значително придонеле за земјата во овие тешки, пандемични месеци.

Многу познати личности ги читаа нивните песни, а меѓу нив беше и принцот Вилијам.
Пред концертот, Кејт зборуваше пред публиката за важноста на музиката.

„Музиката ми беше многу важна за време на пандемијата.Бидејќи музиката слави добра волја, чинови на љубезност, љубов, емпатија и сочувство, ни помага да ги поминеме овие предизвикувачки времиња“, рече Мидлтон.

Покрај свирењето на клавир, Кејт претходно научила да свири на флејта, а како мала настапувала и со училишниот хор.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Принтскрин