Селекторот Милевски ги откри егејските корени и „стативата“ од неговиот дедо – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/21 10:52 AM

Селекторот Милевски ги откри егејските корени и „стативата“ од неговиот дедо

Во гостувањето во емисијата „Стадион“ н Канал 77, селекторот на македонската фудбска репрезентација откри дека неговото семејство поткнува од Воден (денешна Едеса) во Егејска Македонија. Како што рече Милевски, во пресудниот момент кога требало да остане и игра во Грција, пресудиле црвените грчки тефтери и името на наговиот дедо.

Македонскиот селектор поминал пет години во два грчки клуба, за чиј влез му помогнал неговиот чичко, кој живеел во Солун. По петте успешни години, во времето на затегнатите односи меѓу Македонија и Грција, почнал правна постапка за добивање работна виза, каде ја добил првата „статива“.

-Никогаш немав лошо во Грција, дури се осеќав подобро отколку дома. Ми ангажираа цел адвокатски тим, дури добив провизорен пасош. Меѓутоа министрството, не му дало работна дозвола поради дедо ми, кој беше во „црвените тефтери“ со своите ставови, рече Милевски.

По Грција, Милевски заминал за Изреал, каде имаше шанса да се докаже и како фудбалер и како тренер.

Емисијата „Стадион“ со гостувањето на Благоја Милевски е во тек. Можете да ја следите на: https://radio.kanal77.mk/index.php .