Мишо Ковач (80) успешно го надмина коронавирусот и денеска е пуштен дома.
Пејачот моментално е во изнајмен стан во Строжанац со сопругата Лидија, каде што престојува веќе неколку месеци.
Mузичарот по трет пат за кратко време заврши во болница кон средината на декември бидејќи неговото здравје се влоши откако беше позитивен на коронавирус.
Беше приклучен со кислород, но престанал да го прима бидејќи почнал сам да дише. Мишо бил примен во болница со треска, а со корона заболеле и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.
Пред да се зарази со корона, бил сместен и на пулмолошкиот оддел на КБЦ Сплит со пневмонија.
Извор: Слободна Далмација