По разводот со Аца Лукас, Соња Вуксановиќ доби семејна вила на Бежанијска коса, додека фолкерот се пресели во стан во Вождовац. Таа остана да живее со ќерките Викторија и Софија.
Соња ретко се огласува за медиумите, но е активна на Инстаграм, па често прикачува фотографии од луксузниот дом кој го опремила по нејзин вкус.
Омилен детаљ и е огледалото кое се протега по целиот ѕид, каде што најмногу ги слика стајлинзите, а во чија позадина се гледа пространа дневна соба опремена до најситен детал. Има и мермерни скали, како и месингана ограда.
Соња за време на празниците посебно го украсила својот дом за да изгледа потопло, што особено ја радува нејзината ќерка Викторија.
Домот го красат уметнички дела, скапоцени детали, но и прекрасни цвеќиња во кои Соња посебно ужива.
Лукас во својата книга „Ова сум јас“ детално ја опиша нивната врска, но и кавгите кои, како што истакна, биле страшни.
– Почнуваат кавги. Страшно. И двајцата погрешивме, се разбира, но не ги признавме нашите грешки. Низ кавгата сфатив дека почна да се враќа стариот Аца, кој кажува што мисли и прави што сака. И бидејќи беше забрането, почнав да доаѓам дома пијан, декантиран, издрогиран. Аца во најлошото издание! И сè полека почна да го губи своето значење.
– Таа во кавгата наброја што сум јас. Нашите кавги беа страшни. И тоа кавга пред децата. Вените на вратот ни пукнаа и изгледаше дека ќе експлодира. Тврдоглави и двајцата, не го прифаќаме нашиот дел од вината. Страшни реченици. Ја сакам и ја навредувам. Кога сакав да заминам, таа ми влезе во лицето. „Да не сакаш да ме удираш!“ – напиша Лукас и додаде дека тогаш ја признал својата непостоечка вина за семејно насилство и добил една и пол година, условно три години.
Извор/Фото: Телеграф.рс