(Видео) Затворски чувар претепа осуденик па го гаѓаше со пепелник – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 3:47 PM

(Видео) Затворски чувар претепа осуденик па го гаѓаше со пепелник

Безбедносните камери во затворот во Смедерево, Србија снимија изживување на затворски чувар над осудено лице. На снимките јасно се гледа како затворскиот стражар го гаѓа затвореникот со пепелник, а потоа го малтретира да го подигне од земјата.

Управата за извршување на санкции соопшти дека ова е второ вознемирувачко видео по тоа што се појави во медиумите за една недела, а припадникот на службата за обезбедување на Обласниот затвор во Смедерево добил отказ поради насилничкото однесување кон осуденикот кое се случило во март годинава.

Се работи за еден од двајцата командири против кои управникот на затворот покренал дисциплински постапки и ги суспендирал од работа откако добил информации дека се однесуваат насилно кон затворениците.

Двајцата се членови на Синдикатот на вработени во затворите во Србија, но оттаму сметаат дека двајцата командири добиле отказ затоа што биле жртви на одмазда од управникот, иако на видеото се гледа што прави еден од нив.

извор и фото: Mondo.rs