Регистрирани нови 333 болни од ковид-19, починале 11, а оздравеле 311 пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 3:43 PM

Регистрирани нови 333 болни од ковид-19, починале 11, а оздравеле 311 пациенти

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19: Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Евидентирани се 311 оздравени пациенти, од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатото деноноќие имало 6 починати лица: 2 од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г), сите во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Тие се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Три лица починале во болнички услови, а 2 во домашни.

Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а на активни случаи изнесува 5.185.