Цената за оваа услуга не е за сечиј џеб. За ваков „оброк“ во два сплитски ресторана мора да се издвојат околу 200 евра по лице, зависно од времето на посетата. И двата ресторана се наоѓаат на брегот на Сплит. Во согласност со расположението и вкусовите на моќната клиентела, оваа егзотична сесија може да се одржи и на спектакуларна живописна локација во срцето на Сплит со поглед на пристаништето во Сплит и брегот, Диоклецијановата палата и Марјан или во бастионот Бернарди, во визуелно стилизиран простор кој создава опуштена атмосфера со неочекувани елементи кои поттикнуваат интеракција.
Еден од рестораните „Olive tree“ е отворен во 2016 година, а потоа на социјалните мрежи се појави и рекламата за ваков тип на бизнис.
На масата лежи девојка, на чие тело е наредено суши, односно таа глуми послужавник за храна. После околу два часа, додека гостите не ја соберат храната наредена по нејзиното тело, оди зад сцената додека се подготвува другиот сет на храна. Секако, девојката треба да е исклучително згодна. Нејзиниот хонорар за ваков тричасовен настап е околу 200 евра, со платен пат и сместување.
Послужувањето суши на голо женско тело е одамна познато во Јапонија и се нарекува нуатоимори. Ако е машко телото, тогаш се нарекува нантаимори.
„Ова не го доживеав како да се соблекувам за пари. Прво, воопшто не бев гола. Сè што можев да видам беа моите раце, нозе и дел од телото што не беше покриен со пластични листови. Кога ми го симнаа сушито, сè уште бев облечена во костимот за капење“, раскажува една суши девојка, која ова го работи повремено. Таа е академски образована, работи и како модел и истакнува дека тоа не го прави исклучиво поради пари.
Искуството го опишува како многу интересно, како уметничка форма и перформанс и додава дека често повеќе им е непријатно на гостите отколку на неа.
„Имав повеќе непријатни ситуации работејќи во шанк и слушајќи коментари од типот: „Зошто секогаш носиш широки панталони“. На масата се чувствував поудобно од вообичаено, како некој да ме пази цело време, инаку го немам тоа чувство на улица“, вели таа на шега.
Извор и фото: rtcg.me, srbijadanas