По 300 евра отштета ќе земат 2.720 Црногорци кои биле во изолација, а им биле објавени имињата – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/21 9:19 AM

По 300 евра отштета ќе земат 2.720 Црногорци кои биле во изолација, а им биле објавени имињата

Црногорската влада одлучи да им исплати по 300 евра на 2.720 граѓани кои биле во самоизолација, поради јавно објавување на нивните имиња. Владата синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните, за што ќе треба да издвои 816.000 евра.
Според владиното соопштение објавено доцна синоќа, задолжен е заштитник на имотно-правните интереси да склучи спогодба со овие лица за надомест на нематеријална штета поради повреда на лични права со објавување лични податоци.
Претходно, стотици граѓани ја тужеа државата затоа што претходната влада од март до мај минатата година, ги објави имињата и адресите на граѓаните на кои им беше наредено да се изолираат на почетокот на пандемијата со ковид-19. Списокот подоцна беше искористен од приватни лица за да се создаде апликација за мобилен телефон што им овозможува на корисниците да ги лоцираат луѓето во самоизолација.