Загубарот Железници – Транспорт ќе ги поднови кондуктерите со кожни ташни од кои една чини 200 евра. За канцелариски материјал, како хартии, коверти, пенкалца, хефталици , меѓу кои се и кожните ташни компанијата во наредните две години планира да потроши фактастични 115.000 евра, или по околу 57.000 евра годишно.
Договорот за набавката со компанијата „Култура 2000 Бошко“ Дооел од Скопје е склучен пред еден месец, а на него потпис ставил директорот на Железници- Транспорт, Аднан Азизи.
Фирмата за Железници – Транспорт треба да набави разни видови комјутерски и фотокопир хартии, патни налози, образци, реверси ковери, папки, коверти, прибори за пишување како пенкала, моливи, гуми, острилки, маркери, тетратки, хевталици, спојувалки, коректори, лепила, калкулатори, батерии, УСБ-иња, креди и друго.
Во договорот пишува и дека компанијата треба да испорача на МЖ Транспорт и кожни кодукторски ташни, од кои една чини 11.254 денари со ДДВ, или 182 евра.
Покрај кожните, во договорот стои и дека компанијата ќе се поднови и со курирски и благајнички ташни, по цена од 3.711 денари за парче или околу 60 евра.
Железници-Транспорт со години е меѓу првите државни компании кои книжат најголеми загуби. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека компанијата до третиот квартал од годинава, или заклучно со септември има доспеани, а ненаплатени обврски од 61 милион евра и е на првото место на листата на државни претпријатија со најголеми долгови.
(А.С.)