Неда Украден ја завла кошаркарската легенда Зоран Мока Славниќ. Како што ексклузивно дознава Курир, двете легнди се запознале на необичен начин.
Таа летово гостувала во една телевизиска емисија каде откри дека совршен тип на нејзин маж е шармантен, образован и забавен маж. Потоа следела покана која не можела да ја одбие, а што таа не ја очекувала. На телефон и се јавил Мока, кој во јавноста е познат како белградски шмеќер и мангуп кој ги освои најубавите жени. Неда била воодушевена.
Нивното запознавање се случило на почетокот на јуни, а таа веднаш го поканила на промоција на нејзиниот нов албум. Славниќ ја прифатил поканата, а тука се појавиле првите искри меѓу нив.
Уште тогаш почнале приказни дека меѓу нив има повеќе од пријателство, а биле видени како уживаат во белградските ресторани.
Според извори на српскиот Курис, кој добро го познава животот на прославениот спортист, Славниќ четири месеци не живее со сопругата, а Неда веќе подолго време е слободна жена. Тие се ценат и почитуваат еден со друг, но не сакаат јавно да зборуваат за нивната врска.
Кога го побарале Славниќ рекол.
– Тоа нема никаква врска со емотивниот живот. Ми беше чест да бидам на промоцијата на новото ЦД на Неда. Неда ми се јави и тука завршува целиот наш понатамошен контакт. Оваа изјава ја давам поради Неда, за да не биде нарушен нејзиниот емоционален статус доколку е во него – изјавил Славниќ.
Неда,пак, рекла:
-Не сме во врска, а можеби и вие ми предлагате нешто за Нова година. Тој е многу убав и љубезен човек, претпоставувам дека и јас нему. Тоа е се што можам да ви кажам – рече Неда.
Извор и фото: www.kurir.rs