Како се внесени во државава? МВР заплени пиротехника во Тетово и Каратманово – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 6:54 PM

Како се внесени во државава? МВР заплени пиротехника во Тетово и Каратманово

МВР информира дека во акциите што денес се спроведени запренета е поголема количина на пиротехнички материјали во Тетово и Каратманово, село во близина на Штип.

-Денеска во 16.30 часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства,  на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш.  (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства. Запленети се околу 5.000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР и додаваат:.

-По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба за претрес, денеска е извршен претрес кај З.Р. (55) од с.Каратманово, општина Лозово во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства, при што пронајдени се над 3.000 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.