Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази незадоволство од распоредот на натпреварите на тимот за време на Божиќ.
– Немам никакви проблеми со Боксинг деј, има прекрасни натпревари во овој период, никој не вели дека треба да се откажат. Проблемот е што да се игра на 26 и 28 декември е апсолутно невозможно, ова е некаква шега! Нема проблем да се игра на 26 и 29 декември, не бараме да се одложи натпреварот за следната година, бараме натпреварите да бидат на 26 и 29 декември. Знам дека во Англија секогаш вака играле, но погледнете колку повреди имаат сите периодов! Сакаме да играме за време на „Boxing Day”, но два меча во два дена не се во ред”, изјави Клоп за „TalkSPORT”.
На 26 декември Ливерпул на домашен терен го игра натпреварот од 19. коло во Премиер лигата против Лидс, средбата е закажана за почеток во 13:30 часот. Два дена подоцна, на 28 декември, „Црвените” треба да играат на гости кај Лестер во 20. коло од Премиер лигата, почетокот на средбата е закажан за 21 часот.
МИА
фото: theguardian.co.uk