Времето денес: Сончево, попладне пороен дожд и грмежи – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/18 6:16 AM

Времето денес: Сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните планински делови ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 17 до 33 степени.