Штип: Спарк удри во паркирано возило и се запали – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 3:07 PM

Штип: Спарк удри во паркирано возило и се запали

Една жена се здоби со тешки телесни повреди, а причинета е и поголема материјална штета, кога возило Шевролет Спарк, изутрината во 8:20 часот во Штип, удрило во паркирано возила, по што се запалил предниот дел. Бидејќи незгодата се случила веднаш зад Противпожарната станица, пожарникарите веднаш излегле на терен и го локализирале пожарот.

Како што соопштија од СВР Штип, повредената жена (62) била сопатничка во опожареното возило.