(Видео) Полицајка му играла во скут на шефот на предновогодишна забава, двајцата под истрага – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 2:08 PM

(Видео) Полицајка му играла во скут на шефот на предновогодишна забава, двајцата под истрага

Младата полицајка и нејзиниот претпоставен во Њујорк веројатно ги чека дисциплинска постапка откако протече видео на кое таа танцува во неговиот скут на забава на полициската празнична, божиќна забава во Бронкс, пренесува New York Post.

Вера Мекали (26), која претходно работела како агент за недвижнини. На видеото е снимен нејзиниот, најблаго речено, сензуален танц во скутот на поручникот Ник Мекгари во еден бар минатиот четврток.

https://www.youtube.com/watch?v=m_X09Bz349Q&t=33s

Откако видеото излезе во јавноста, полицајката не беше достапна за коментар. Но, нејзиниот татко, Џон Мекали, во понеделникот за  The Post изјавил дека е фрустрирана од сето тоа.

– Таа ми рече: „Тато, згрешив. Многу ми е непријатно за она што го направив, те засрамив тебе и моето семејство“. Плачеше и плачеше, млада е. Тој е поручник и е оженет, требало подобро да знае. Ќе ја тужам полицијата – рекол нејзиниот татко.

Под истрага официјално е и поручникот Мекгари.

Извор: 24sata.hr