Време е да ја промените негата на кожата. Студот, ветерот и сувиот воздух ја оштетуваат кожата – таа станува сува и почувствителна. Дерматолозите велат дека тоа можеме да го спречиме со соодветни препарати за нега, но можат да помогнат и природните маски кои лесно се прават. Според карактеристиките на кожата, изберете еден од природните третмани кои ќе ја заштитат вашата кожа и ќе го забават стареењето.
Маска со банана и авокадо за сува и чувствителна кожа
-половина зрело авокадо, банана, лажица мед.
Во сад добро изгмечете ги бананата и авокадото, додадете мед и мешајте додека не добиете мазна маса. Нанесете ја маската на кожата на лицето, која претходно сте ја исчистиле и измиле со топла вода за да и се отворат порите. Третманот треба да делува 10 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.
Маска со мед и лимон за мрсна и комбинирана кожа
-три лажици мед, лажица исцеден сок од лимон.
Измешајте ги состојките, па нанесете ги на претходно исчистената кожа. Држете ја маската 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода. Медот ја дава потребната влажност и ја храни кожата на лицето, а лимонот со оглед на тоа што содржи витамин Ц, дополнително го чисти и регулира лачењето.
Маска со јогурт и алое за дехидрирана кожа
-две лажици грчки јогурт, лажица сируп од агава, лажица органска алое вера.
Добро измешајте ги сите состојки. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува меѓу 20 минути и еден час, во зависност од тоа колку е дехидрирана вашата кожа. Измијте со млака вода. Јогуртот содржи липиди и млечни киселини кои ја хидрираат кожата и ја прават помека и поеластична, за што помага и алое вера.
извор: Informer.rs