Училиштетото „Св. Наум Охридски“ од Скопје, кое е средно стручно за учници со посебни потреби и интелектуална попреченост денес го славеше патронатот. Се играше и се пееше, децата уживаа во приредбата, но и во предновогодишната еуфорија.
-Во ова училиште има шест занимања, текстилна, електро, машинска, градежна, графичка и угостителска. Во сите струки имаме теоретска и практична настава, но децата најмногу внимание посветуваат на практичната настава, која е интересна и креативна, заедно со нивните наставници.
Наставниците се големи ентузијасти, а децата со радост ги произведуваат работите во сите занимања. По повод Нова Година и патрониот празник изработуваат најразлични произоди. Имаме проект „Моја еко торба“, каде произведуваа еколошки торби, а денес се подготвени за настап со песни, драма и игри.
Ним им се придружија и ученици од училиштата „Цветан Димов“ и „Илија Николовски Луј“, велидиректорката Дивна Видиниќ и додава дека овие ученици изработиле 100 постелнини за децата со социјален ризик од Крушево и дека уште еднаш на дело се покажа хуманоста, односно и овие ученци покрај својот хендикеп помагаат и ги промовираат своите способности.
Во издработка на проектот „Моја еко торба“ годинава помогнале од „Ротари“, со кои ова школо има долгогодишна соработка, односно со чија помош се направило многу за ова училиште.
-Скоро пет години им помагаме, реновиравме тоалети со пристапни рампи и се што е потребно, бидејки, за жал, државата ги заборавила. Дечињата треба да направат 500 торби, кои ќе се даваат гратис на базар за да се подигне еколошката свест, а од друга страна да им помогнеме дечињата во училиштето, вели Борислав Несторовски, претседател на комитетот за проекти при Ротари клубот Скопје Вест.
Фото: Вангел Тануровски